„Тутомеркато“: Несторовски договорил тригодишна соработка со Удинезе!

Трансфер-сагата на нашиот репрезентативен голгетер, Илија Несторовски, многу веројатно е пред самиот крај, барем така тврди италијанскиот медиум „Тутомеркато“. 

Според истиот, искусниот напаѓач веќе ја одбрал новата средина и повторно ќе игра во Серија А. Наводно, договорил тригодишна соработка со тимот на Удинезе, а на својот грб ќе ја носи својата„ 30-ка“. 

Во редовите на клубот од Удине, Несторовски ќе премине без обештетување, затоа што ова лето го раскина договорот со екипата на Палермо, која е заглавена во голема криза. 

На излезни врати од Палермо е и вториот македонски репрезентативец Александар Трајковски, за кого сериозен интерес има од Милан и Спортинг Лисабон.