• Зоран Мишевски
Не е прв случај дерби натпреварите од турската Суперлига да ги водат интернационални судии. Таков е случајот и со дербито на истанбулските ривали в понеделник.
Словенецот Славко Винчиќ ќе биде главен судија на претстојниот дерби натпревар од турската лига меѓу Галатасарај и Фенербахче. Помошници на Винчиќ ќе бидат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, додека четврти судија на натпреварот ќе биде Кадир Саглам. Тој во мај 2024 година го водеше финалето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.
Претседателот на Турската фудбалска федерација Ибрахим Хачиосманоглу во средата изјави дека „судија од светска класа ќе го суди дербито“, а изборот падна на судијата на последното финале на Лигата на шампионите.
Галатасарај е прв на табелата со 63 бодови, шест повеќе од второпласираниот Фенербахче. Дуелот се игра на стадионот на лидерот в понеделник од 18:00 часот.