Турско засилување за Рома, потпиша младиот дефанзивец Четин

Италијанскиот гигант Рома доведе уште едно засилување во своите редови ова лето, откако денес го претстави младиот турски фудбалер Мерт Четин. 

22-годишниот дефанзивец синоќа пристигна во Рим, успешно ги мина лекарските прегледи и стави потпис на петгодишен договор со „волчицата“.

„Среќен сум што ќе бидам фудбалер на Рома. Ова чувство не можам да ви го опишам со зборови. Знам што значи да се носи дресот на овој клуб и се надевам дека нема да ги изневерам навивачите и стручниот штаб“, рече Четин. 

Четин во Рома пристигна од Генчлербирлиги за сума од три милиони евра, а турскиот тим ќе заработи и 10% од следниот трансфер на младиот фудбалер.