Турските весници „грмат“ по судијата Бебек: Хрватскиот убиец и ѓавол нè елиминира (ВИДЕО)

Турските медиуми по поразот и елиминацијата од Брага на нивниот Фенербахче во Лига Европа, како еден од виновниците го посочија хрватскиот судија Бебек. Имено, судијата на вчерашниот натпревар покажа дури три црвени картони, а спорен беше се чини оној одлучувачкиот на Топал во 66. минута. Иако раката на Топал беше залепена за неговото тело судијата покажа на белата точка, по што започна „потопот“ на Фенербахче.

Поради ваквите одлуки турските весници излегоа со наслови во кои не се штедеа зборови за оцрнување на судијата.

Така турскиот „Фанатик“ на својата насловна страна напиша: Убиец на детските лица.

Во „Фотомак“ Бебек беше претставен како Чаки од истоимениот хорор–филм, а „Фантом“ излезе со наслов на кој едноставно пишуваше „Ѓавол“

Иван Бебек епитетот „непријател на Турција“ го има и од претходно, бидејќи на мечот со Исланд во квалификациите за ЕУРО 2016 на натпреварот со Исланд го исклучи Омер Топраку. Турските фанови поради сите вакви испади веќе започнаа да собираат потписи за одземање на лиценцата на хрватскиот судија, а во моментов има повеќе од 20.000 потписи.