Турскиот гигант Галатасарај сака да го доведе Елмас на позајмица

Младата надеж на македонскиот фудбал од Наполи, Ељиф Елмас, би можел да добие понуда за позајмица и да се врати во Турција. 

Како што пренесоа еминентните турски медиуми, гигантот Галатасарај сака да го види нашиот „дијамант“ во своите редови како позајмен играч. Елмас оваа сезона запиша 26 настапи во италијанската Серија А, но сè уште не е стандарден првотимец во екипата која ја предводи Џенаро Гатузо. Со цел да се развива, играчот за врска би можел да размисли за опцијата и евентуална позајмица назад во Турција. 

Инаку, Елмас е дете на Работнички, откаде во 2017 година замина во Фенербахче и беше меѓу носителите на играта на овој тим. Карло Анчелоти и претседателот на Наполи Де Лаурентис, беа тие кои му дадоа шанса на Македонецот да заигра за „партенопеите“ и минатото лето го откупија за 16 милиони евра.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.