Турски второлигаш заинтересиран за услугите на Филип Гачевски

Екипата на Кочаелиспор обезбеди место во втората лига на Турција преку плеј-офот. 

Сега, клубот од Измир во покраината Кочаели има идеја да го доведе Филип Гачевски меѓу стативите. Македонскиот голман кој настапува во редовите на Енозис Паралимни би можел да замине од Кипар. 

Кочаелиспор сериозно размислува да испрати претставници да преговараат со 30-годишниот Гачевски. Поранешниот голман на Вардар во кариерата ги бранеше и мрежите на Брегалница, Мура, Капфенберг и Лустенеу.

Македонските интернационалци секогаш со успех настапувале во Турција, па големи се шансите и Гачевски да се придодаде на оваа листа на македонски професионалци.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.