• Зоран Мишевски

Турската Суперлигалига ќе биде посилна за уште еден член. Некогашниот бразилски репрезентативец, Хулк, повторно се враќа во Европа. Напаѓачот на Атлетико Минеиро ќе ја продолжи кариерата во турскиот шампионат.
Управата на Адана Демирспор ги договорила условите за трансферот на играчот. 36-годишниот бразилски фудбалер ќе потпише договор со турскиот тим по отворањето на зимскиот преоден рок, а детали за соработката не се откриени.
Во Турција зимскиот трансфер период ќе започне на 12 јануари.
Хулк е член Атлетико Минеиро од 2021 година, а претходно настапуваше во шампионатот на Кина.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.