Турски медиуми: Баерн Минхен тргна по потписот на Доминик Ливаковиќ!

Неколку турски медиуми ја пренесоа веста дека германскиот гигант Баерн Минхен тргнал по потписот на голманот на хрватската репрезентација, Доминик Ливаковиќ. 

Во моментов чуварот на мрежата настапува за екипата на Фенербахче, но доколку понудата е задоволителна за сите страни, ништо чудно наскоро да се пресели во Минхен, каде би бил соодветна замена за легендарниот Мануел Ноер. 

Баварците најавија дека ќе го продолжат договорот со Ноер за уште една година, што значи дека Ливаковиќ би бил прв избор меѓу стативите од сезоната 2026/27. Дали Хрватот ќе сака да биде втор голман цела година, останува да видиме, но во секој случај, повикот од Баерн е тежок за одбивање. 

Ливаковиќ ја започна кариерата во НК Загреб, а потоа одигра дури 207 натпревари за Динамо, пред да се пресели во Фенербахче во 2023 година. 29-годишникот е стандарден хрватски репрезентативец и за својата земја досега настапи на 62 натпревари. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.