ВИДЕО: Турски хулигани му ја „пукнаа“ главата на голманот на Севиља

Марко Дмитровиќ стана магнет за противничките фанови, ниту по своја, ниту по нечија вина. По гостувањето во Ајндховен, српскиот голман доживеа нов пех во Лига Европа. Реваншот од осминафиналето меѓу Фенербахче и Севиља беше прекинат на почетокот на вториот дел поради инцидент предизвикан од домашните навивачи.

Приврзаниците на турскиот клуб почнале да фрлаат разни предмети на теренот, а еден од предметите го удрил Дмитровиќ во главата и итно му беше укажана помош. На судијата Мајкл Оливер не му остана ништо друго освен да го прекине натпреварот, а прекинот траеше неколку минути.

Фудбалерите на Фенербахче ги смируваа своите приврзаници, а притоа му помагаа на српскиот голман да продолжи да брани со фластер на главата. Ова е вторпат за кратко време Дмитровиќ да има проблеми со противничките навивачи, бидејќи беше нападнат и на натпреварот против ПСВ Ајндховен на крајот на февруари. Тогаш пијан навивач на домашната екипа влета во теренот, почна да го удира српскиот голман, кој некако успеа да го совлада. .

Со оглед на строгоста на УЕФА, нема сомнеж дека Фенебахче ќе биде строго казнет за фрлање предмети на теренот што предизвика прекин од пет минути. 

Состави

Jorge Jesus

4-4-2

    Хозе Луис Мендилибар

    5-4-1