ВИДЕО: Турски фудбалер одби да се ракува со Тадиќ, причината е бизарна

Фудбалското дерби во Холандија, во кое Феенорд на гостински терен го совлада Ајакс (2-3), понуди една интересна сцена. Имено, пред стартот на натпреварот, стандарден е поздрав на двајцата капитени и судиската тројка на средината на теренот, но до тоа не дојде. 

Поточно, капитенот на Феенорд, Оркун Кокчу го игнорираше Душан Тадиќ и не се поздрави со него, туку само со арбитрите. Се верува дека причината за тоа датира од пред неколку седмици. По катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија, сите тимови од Холандија имаа капитенски ленти во чест на погодените, освен Ајакс. 

Ова го посочи легендарниот Весли Снајдер, а веројатно Кокчу е лут на Ајакс и Тадиќ. Сепак, веројатно го пропуштиле моментот дека играчите на Ајакс истрчаа во терен со маички посветени на Турција и Сирија.

Состави

Џон Хеитинга

4-3-3

    Arne Slot

    4-3-3