• Мартин Танасковски
Екипите на Порто и Рома го одиграа дербито на вечерта во Лигата на Европа и натпреварот заврши без победник, со резултат 1-1, па така патникот во следната фаза ќе биде познат по реваншот на „Олимпико“.
- Порто - Рома 1-1:
Двата тима одиграа еден отворен меч полн со шанси, но и многу жолти картони заради груби прекршоци и неспортски потези. Рома, која имаше повеќе од шансите, го загуби Саламакерс за следниот дуел заради суспензија. Што се однесува до головите, Челик пред паузата донесе предност за калчолигашот, а израмни Моура во 67. минута.
- АЗ Алкмар - Галатасарај 4-1:
Турска трагедија во Лигата на Европа доживеа Галатасарај, кој прими четири гола на гостувањето кај АЗ Алкмар (1-4). Мијнајс, Парот, Класи и Волфе беа стрелци за холандскиот тим, додека за Галата погоди Салаи во првиот дел. Предвреме мечот го заврши Ајхан заради црвен картон.
- ПАОК - ФЦСБ 1-2:
ФЦСБ изненади и триумфира во балканската пресметка кај ПАОК (2-1). Романскиот тим до големиот успех на „Тумба“ во Солун дојде со пресврт. ПАОК водеше по првиот дел со голот на Самата, а потоа погодија Георгита и Дава.
- Твенте - Бодо Глимт 2-1:
Мечот меѓу Твенте и Бодо Глимт со доцен гол заврши со резултат 2-1, Лтаиф погоди за домашните, а Берг пред финишот за гостите, ама Твенте доби пенал во екстра-времето кој во погодок го претвори Ван Волфсвинкел.





