Турците се луди по фудбалот: Погледнете како ги испратија играчите на СП (ВИДЕО)

Турската фудбалска репрезентација доби спектакуларно испраќање пред заминувањето на Светското првенство кое наскоро ќе започне во САД, Мексико и Канада.

Автобусот со репрезентативците беше придружуван од долг конвој автомобили на турскиот бренд „Тог“, кој е и главен спонзор на националниот тим. Голем број сопственици на овие возила се приклучија на настанот, украсувајќи ги автомобилите со турски знамиња и создавајќи впечатлива атмосфера на патот кон аеродромот.

На овој начин уште еднаш Турците покажаа силна поддршка кон селекцијата предводена од Винченцо Монтела, откако пред два дена ги исполнија трибините на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во убедливата победа над Македонија (4-0).

До стартот на турнирот Турција ќе тестира уште со Венецуела. На Мундијалот ќе биде во група со Австралија, Парагвај и САД.