Турците „полудеа“, Дарвин Нуњез во пеколен тандем со Мохамед Салах!

Дарвин Нуњез би можел кариерата да ја продолжи во турската Суперлига. Трабзонспор веќе постигнал договор со уругвајскиот напаѓач околу личните услови, а преостанува уште клубот да најде заеднички јазик со Ал-Хилал околу сумата за трансфер. 

Информацијата ја објави турскиот новинар Јагиз Сабунчуоглу, кој наведува дека преговорите меѓу клубовите се последната пречка за реализација на трансферот.

Нуњез минатото лето го напушти Ливерпул и за 53 милиони евра се пресели во Ал-Хилал. Сепак, неговата авантура во Саудиска Арабија би можела да заврши по само една сезона, бидејќи Симоне Инѕаги повеќе не смета сериозно на неговите услуги.

Уругваецот досега запиша 24 настапи за Ал Хилал, на кои постигна девет голови и додаде пет асистенции. И покрај солидниот учинок, Нуњез се најде меѓу играчите кои клубот е подготвен да ги продаде.

Доколку трансферот во Трабзонспор биде реализиран, таму ќе го пречека добро познат соиграч од периодот во Ливерпул. Мохамед Салах неодамна пристигна во турскиот клуб како слободен играч, па двајцата повторно би можеле да се најдат во ист тим.

Турскиот фудбал ова лето привлекува сè поголемо внимание. Душан Влаховиќ го засили Бешикташ, додека Ромелу Лукаку премина во Фенербахче. Не мирува ниту Галатасарај, кој се обидува да го ангажира Габриел Мартинели од Арсенал, додека во тимот веќе настапува и Виктор Осимен.

Со ваквите трансфери, јасно е дека претстојната сезона во Турција би можела да биде една од најатрактивните во поновата историја на Суперлигата.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.