Турците не се предаваат и обвинуваат: Италија прекрши правило на УЕФА

Синоќешниот пораз на италијанската фудбалска репрезентација од Република Ирска од 0-1 значеше елиминација на Турција уште во групната фаза. 

Видно е големото разочарување во Турција, па така фудбалскиот сојуз на оваа земја најави дека ќе покрене постапка против Италија, затоа што селекторот Конте прекршил правило на УЕФА.

Имено, Италија на вечерашниот натпревар настапи со резервен состав. За разлика од победата против Шведска, Конте промени дури шест фудбалери, а повеќето од нив поради претпазливост од жолт картон што би значело неиграње на осминафиналето против Шпанија. 

Турскиот сојуз смета дека постапката на Конте е логична, но се потпира на правилото на УЕФА, кое вели дека секоја селекција треба на терен да излези со најдобриот нивни состав во тој момент, па на потег сега е УЕФА дали ќе преземе нешто во врска со оваа ситуација.