Турција уверена дека ќе добие домаќинство на ЕП во 2028 или 2032

Турција

Турската фудбалска федерација испрати апликации за домаќинство на Европското првенство 2028 или 2032.

Турција не успеа со своите кандидатури да биде домаќин на турнирите во 2008 година (заедно со Грција), 2012, 2016, 2020 година. Меѓутоа сега челниците на тамошната асоцијација се оптимисти во убедување на УЕФА.

„Можеме да го организираме турнирот. Уверени сме дека ќе добиеме шанса од УЕФА во 2028 или 2032 година“, изјави претседателот на ТФФ, Мехмет Бујукекси.

Одлука околу организацијата на овие два фудбалски настани ќе се донесе во септември 2023 година.