Турција по победата над Македонија го одбра страшниот тим за СП 2026!

Селекторот на Турција, Винченцо Монтела, го објави конечниот список на фудбалери за претстојното Светско првенство.

Најголема доверба италијанскиот стратег им укажа на играчите од двата најголеми турски клуба, Галатасарај и Фенербахче, но во составот се и најголемите турски ѕвезди кои настапуваат во европските гиганти.

Меѓу нив се Арда Ѓулер од Реал Мадрид, Кенан Јилдиз од Јувентус и капитенот Хакан Чалханоглу од Интер.

Турција на Мундијалот ќе настапи во групата Д, каде за противници ќе ги има Соединети Американски Држави, Австралија и Парагвај.

Состав на Турција за Светското првенство:

Голмани:
Алтај Бајиндир, Мерт Гунок, Угурџан Чакир.

Одбрана:
Зеки Челик, Мерих Демирал, Чаглар Сојунџу, Ерен Елмали, Абдулкерим Бардакчи, Озан Кабак, Мерт Мулдур, Ферди Кадиоглу, Самет Акајдин.

Среден ред:
Салих Озџан, Оркун Кокчу, Хакан Чалханоглу, Исмаил Јукшек, Кан Ајхан.

Напад:
Арда Ѓулер, Дениз Ѓул, Кенан Јилдиз, Ирфан Џан Кахвеџи, Јунус Акгун, Бариш Алпер Јилмаз, Огуз Ајдин и Џан Узун.

Турците важат за една од најнезгодните селекции на турнирот и со овој состав ќе се обидат да обезбедат пласман во нокаут-фазата на Светското првенство.