Турција на судни маки, Италија не примила погодок цели 785 минути!

Италија

Италија ќе го отвори Европското првенство оваа година со натпреварот против Турција на „Олимпико“ во Рим.

Избраниците на Роберто Манчини играат во страшна форма во последните две години. Поради тоа со право важат за едни од главните конкуренти за највисок пласман на шампионатот. „Азурите“ се наоѓаат во фантастична серија од осум победи во низа. Тоа е предупредување за турската репрезентација, која ќе наиде на екстремно компактен тим на стартот на првенството.

Италијанската селекција во тој период од осум натпревари нема примено ниту еден погодок. Цели 785 минути дефанзивната линија не им дозволила на ривалите да се радуваат и да ја погодат мрежата на Италијанците.

Последен кој го направи тоа беше Дони ван де Беек на 14 октомври минатата година, кога донесе израмнување за Холандија.