Турција на нозе: Месут Озил може да заврши во Фенербахче!?

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, може да направи трансфер и да се пресели во редовите на Арсенал.

30-годишниот фудбалер веќе е во преговори и може да се пресели во Турција. Се шпекулира дека Озил не е во добри односи со Унај Емери, па постои можност да направи трансфер во најквалитетната турска фудбалска лига каде ќе го носи дресот на Фенербахче.

Претседателот на турскиот гигант, Али Коч, веќе имал состанок со претставници со тимот од Лондон и сака да го обезбеди потписот на Озил, кој би бил огромно засилување за клубот.

Озил оваа сезона не играше премногу за Арсенал и одигра само два натпревари. На последните три средби, тој остана надвор од тимот и не доби шанса за настап.