Турција ја чека Русија на Босфорот, сака прва победа за спас

Вторпат за нешто повеќе од месец дена, Турција и Русија ќе ги одмерат силите во Групата 3 во Лигата Б од Лигата на нациите, а претходниот пат кога се сретнаа, средбата заврши со по една топка во двете мрежи. „Бабушките“ стартуваа со две победи, па следеше поделба на бодовите со евроазиската селекција, а потоа и реми и мирни мрежи во мечот со Унгарија.

„Зборнаја“ е најефикасната селекција во Групата 3 – има седум погодоци на контото, а напаѓачката разновидност ја потврдуваат пет различни стрелци. По два дадоа Антон Миранчук и Артем Џуба, меѓутоа рускиот џин овој пат не е на списокот. Причина е интимното видео кое ги запали социјалните мрежи ширум Русија, поради што Станислав Черчесов одлучи да ја заштити екипата од негативен публицитет и да го изостави капитенот и веројатно најдобриот играч.

>>> Сите квоти на натпреварот Турција - Русија во MOZZART

За разлика од Русија која нема пораз, Турција уште не ја почувствувала сласта на триумфот, а прилика за такво нешто ќе има в недела од 18:00 часот на Босфорот. Турците загубија минимално од Унгарија во првото коло, а потоа врзаа три нерешени средби, меѓу нив две со селекцијата на Србија.

Избраниците на Шенол Ѓунеш се надеваат дека можат до првата победа против репрезентацијата со која од 2016 година играа пет пати и никогаш не победија. Три пати немаше победник, во два наврати славеа Русите. Но, голеада никогаш не постоела. Само еднаш ривалите собраа сили за три погодоци, а во останатите натпревари се видени два или помалку голови.

Победа над Русија за Турција би значела премногу. Таа може да значи и спас во Лигата Б...