Турција е најсериозна опција за следна станица на Дарко Велковски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски е во потрага на нов клуб и тој заедно со Езџан Алиоски се двајцата наши највредни фудбалери кои во моментов се слободни и нивните агенти работат на ангажмани.

За стоперот постои сериозен интерес од Турција. Во изминатиот преоден рок Хатајаспор и Анкарагуџу беа заинтересирани за Велковски и сакаa да го донесат во своите редови, а се појавија и уште неколку други клубови од земјата кои преговараат за условите на 29-годишникот.

До крајот на преодниот рок има уште пет дена, така што се треба да се заврши по репрезентативната пауза доколку дојде до договор. Последен клуб на Велковски беше Динамо Букурешт за кого одигра 16 натпревари во шест месеци и даде еден гол.

Претходно, репрезентативниот стопер беше дел и од Ал-Етифак (Саудиска Арабија), Ријека (Хрватска), како и македонските Вардар и Работнички.