Турам покажа почит за својот идол, тренираше со негов „ретро“ дрес од Интер

Маркус Турам се подготвува за новата сезона со полн интензитет. Францускиот напаѓач на Интер е максимално посветен на летните подготовки, а вниманието го привлече и со изборот на опрема за тренинг.

Турам на тренинзите на „нероаѕурите“ носеше дрес со бројот и името на Роналдо Назарио, легендарниот бразилски напаѓач кој е еден од неговите фудбалски идоли.

Французинот никогаш не криел дека му се восхитува на Роналдо поради неговата техника, брзина, сила и неверојатниот инстинкт пред голот. Токму стилот на игра на Бразилецот е нешто што инспирирало многу напаѓачи од новата генерација, меѓу кои и Турам.

Пред почетокот на новата сезона, напаѓачот на Интер работи напорно за да биде во најдобра форма и повторно да биде една од главните фигури во тимот на Кристијан Киву. Неговата посветеност на тренинзите и почитта кон легендите покажуваат колку сериозно ја сфаќа неговата фудбалска улога. 

Интер е на подготовки во Австралија, каде веќе одигра пријателски меч со градскиот ривал, Милан, (1-1), а следна „контролка“ на менито е дуелот со Јувентус на осми август.