Тунижанецот Абденур потпиша за турскиот Кајзериспор

Тунискиот репрезентативец Ајден Абденур ја заврши својата двегодишна позајмица од Монако во Валенсија и како слободен фудбалер ја бираше својата наредна средина. Централниот дефанзивец ја прифати понудата на Кајзериспор и потпиша двегодишен договор со турскиот суперлигаш.

Абденур ветуваше кога пристигна на „Луј втори“, но никогаш не се наметна во францускиот великан и приморан беше преку позајмици да го троши договорот.

29-годишниот Тунижанец има 54 настапи за својата селекција, а деновиве се бори за африканската титула на континенталниот собир во Египет.