„Тука има едно мото - ако се плашиш од коронавирусот, тогаш не си вистински маж!“

Огњен

Изминатиот викенд беше комплетирано третото коло од белорускиот шампионат. Се работи за една од ретките земји во која активно се игра фудбал, иако низ светот владее пандемија од коронавирус.

Што навистина се случува открива црногорскиот интернационалец Огњен Роловиќ, член на екипата на Динамо Минск, кој изјави:

„Глупаво е што играме само ние. Во Белорусија, сите делуваат како пандемија да е некоја обична, секојдневна појава и дека никој не треба да се плаши од вирусот. Тука има чуден менталитет - ако се плашите од ситуацијата, не сте маж!

Тешко е да се насочите на фудбалот. Вие не знаете каде биле другите играчи, со кого биле во контакт. Имате договор и не можете да кажете „нема да играм или тренирам“, додека од друга страна имате семејство кое се плаши и моли да бидете внимателни во контакт“.

Според неговите зборови, поголемиот дел од фудбалерите се согласни првенството да се прекине. Но, работите не зависат од нив, па затоа се приморани да истрчаат и да даваат максимум на фудбалските терени.