Тухел: Засега сме безбедни меѓу четирите најдобри, но во ПЛ тоа може брзо да се смени!

Еден ден по големото дерби на „Енфилд“, Премиер лигата ни носи уште еден возбудлив натпревар. Челзи и Арсенал во среда ќе ги одиграат силите во заостанат дуел во англиската елита.

Томас Тухел, тренерот на „сините“ се соочува со кадровски проблеми пред мечот со градскиот ривал и нема да може да смета на Ковачиќ, Хадсон-Одои, а уште од поодамна и на Бен Чилвел.

„Ковачиќ ги повреди лигаментите и ќе паузира две недели. Се надевам не повеќе од тоа, бидејќи тоа може да биде сериозен проблем за нас. Покрај овие тројца, другите се повеќе или помалку подготвени, ќе видиме кој ќе истрча на терен“, изјави Тухел.

Челзи моментално е трет на табелата со 62 бода. Има пет бода повеќе и два натпревари помалку од четвртопласираниот Тотенхем.

„Ќе се бориме жестоко, ни претстојат четири исклучително важни натпревари за кратко време (Арсенал, Вест Хем, Манчестер Јунајтед и Евертон). Тоа е голем предизвик и физички и психички. Во трката за првите четири позиции засега сме прилично сигурни, но сè може брзо да се промени“, изјави Тухел.

Дуелот помеѓу Челзи и Арсенал започнува во 20:45 часот, а се игра на „Стемфорд Бриџ“.