Тухел задоволен: Не се плашевме да се бориме со Атлетико, напротив – уживавме во тоа

Лондонски Челзи повторно го надигра Атлетико Мадрид и со нова победа си го трасираше патот до четвртфиналето во Лигата на шампионите (2-0). 

По натпреварот на „Стемфорд Бриџ“, менаџерот на лондончани, Томас Тухел истакна дека е задоволен од одиграната партија на своите избраници и е среќен што неговиот тим ги продолжува настапите во елитното натпреварување. 

„Одигравме добар натпревар, сите покажаа голема желба и посветеност, дури и оние на клупата. Можеше да се почувствува колку ја сакаме победата. Во првото полувреме противникот се обиде со висок притисок, а тоа им отвори простор во средниот ред и одбраната и добро е што го искористиме тоа. Во второто полувреме имаше периоди во кои ни беше тешко, но ние бевме подготвени да се справиме со тоа.

Апсолутно не се плашевме да влеземе во борба со нив, да играме груб натпревар. Уживавме во битката, момците беа подготвени и сакаа да продолжат понатаму. Четвртфиналето значи дека остануваат уште четири натпревари и чувството е одлично“, изјави Томас Тухел по мечот.

Жрепката за четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите е закажана за утре (петок) и истата ќе биде без ограничувања, што значи Челзи може да добие и премиерлигашки противник.