• Горан Упале
Томас Тухел се присети на едно од најболнините поглавја од неговата тренерска кариера, полуфиналето на Светското првенство во кое Англија беше елиминирана од Аргентина.
Англичаните имаа предност од 1-0, но по постигнатиот гол целосно се повлекоа, па иницијативата ја презедоа Аргентинците. Тухел се обидуваше да ја зацврсти одбраната со измените, но денес, признава дека можеби донел погрешни одлуки.
„Можете да ме убиете сега. Но, тоа се мои лузни, не ваши. Јас морам да живеам со нив. Јас сум главниот тука и јас ги донесов тие одлуки. Никого тоа не го боли повеќе од мене. Никој не го сакаше тоа повеќе од мене“, раскажа Тухел.
Сепак, германскиот стратег не сака целосно да ја преземе одговорноста за поразот.
„Сега сите можат да ме мачат до крајот на животот и да зборуваат дека ќе победевме доколку направев поинакви измени. Но, тоа никој не може да го знае“, додаде тој.
Тухел признава дека уште за време на натпреварот почувствувал дека ситуацијата му излегува од контрола, а истото го почувствувале и Аргентинците.
„Егзекуција, градење на акции, игра околу Меси, префрлање на тежиштето од една на друга страна, враќање на противникот на неговата половина, притисок, па посед за да добиеме време за физички и психички да се опоравиме... Ништо од тоа немавме. Помислив: нема да го преживееме ова“, откри Тухел.
И навистина не го преживеаја. Англија, по измените на Тухел, се бранеше со петмина во последната линија, но Аргентина продолжи со жестоки напади и на крај заслужено стигна до уште едно финале.


