Тухел: Уништен сум што моето време на клупата на Челзи заврши толку рано

Томас Тухел, поранешниот менаџер на Челзи, за првпат проговори за отказот кој го доби пред неколку дена на „Стемфорд Бриџ“.

Германскиот стручњак ја загуби работата во Лондон по поразот од Динамо во Загреб (1-0) во Лигата на шампионите, а го наследи поранешниот менаџер на Брајтон, Грем Потер. После сè, Тухел се огласи на социјалните мрежи и напиша проштална порака.

„Ова е една од најтешките објави што некогаш сум морал да ја напишам и за која се надевав дека нема да морам да ја пишувам уште многу години. Уништен сум што моето време на клупата на Челзи заврши. Ова е клуб во кој се чувствував како дома, како професионално, така и лично.

Голема благодарност до моите соработници, играчи и навивачи што направија да се чувствувам како дома од самиот почеток. Гордоста и задоволството што ги почувствував, помагајќи му на тимот да ја освои Лигата на шампионите и Светското клупско првенство ќе останат со мене засекогаш. Горд сум што беа дел од историјата на клубот и спомените од последните деветнаесет месеци секогаш ќе имаат посебно место во моето срце“, напиша Тухел.

Тој го предводеше Челзи на точно сто натпревари, победи на 60, загуби на 16 порази, а имаше и 24 реми исходи.