ВИДЕО: Тухел со реми стартува во Челзи, Вулверхемптон одбрани бод во Лондон

Томас Тухел својата епоха на клупата на Челзи ја стартува со реми против Вулверхемптон (0-0), во рамките на 20. коло од Премиер лигата. Иако „сините“ беа апсолутно подобар ривал, притискаа и имаа многу шанси „волците“ ја исполнија целта и освоија бод на „Стемфорд Бриџ“.

  • Челзи - Вулверхемптон 0-0:  

Германскиот стручњак реши да ги остави Тимо Вернер и Мејсон Маунт на клупата, па шанса во нападот доби Жиру. Челзи тргна да напаѓа уште на стартот, а првите шанси ги испуштија Германците, Хаверц и Рудигер. Иако Челзи ја контролираше играта, Дендонкер можеше да ги изненади бидејќи со глава биеше малку над пречката. 

Стартот од продолжението беше мирен, ниту Челзи не притискаше и не ризикуваше премногу. Првата, а воедно и најубава шанса на натпреварот ја имаше Педро Нето, кога од зицер позиција го матира Менди и ја затресе пречката. 

Во финишот се играше само пред голот на Руи Патрисио, Португалецот беше ставен на голем тест бидејќи имаше многу шанси. Ковачиќ со удар од далечина биеше за нијанса крај стативата, а Абрахам во два наврати можеше да го реши мечот, ама не успеа бидејќи еднаш му одбрани Патрисио и еднаш беше непрецизен со глава. 

  • Барнли - Астон Вила 3-2:

Во истиот термин се одигра и натпреварот во кој Барнли со 3-2 славеше над Астон Вила.