Тухел со порака до управата по поразот од Рен: Мора да се реши проблемот со Нејмар

Францускиот шампион ПСЖ синоќа забележа неочекуван пораз на гостувањето кај Рен од 2-1. Иако беше голем фаворит, сепак не успеа тоа да го докаже на терен, а за многумина најголема причина за тоа е нерешениот проблем со првата ѕвезда на тимот, Нејмар. 

Токму за ова отворено прашање, тренерот Томас Тухел испрати јасна порака до челните лица на тимот, велејќи дека што побрзо овој проблем мора да се реши. 

„На сите ни е јасно. Не може Нејмар да си замине, ако не донесеме соодветна замена. Ако го имаме во нашиот тим, тогаш ќе ни биде полесно, затоа што знае да реши натпревар. Но, ако си замине, мораме да реагираме и да ја пополниме таа дупка“, вели германскиот стратег. 

До крајот на преодниот рок преостануваат нешто повеќе од десет дена, во кои ПСЖ ќе мора да реагира и да ја одреди судбината на бразилскиот ас. Заинтересирани клубови се Реал Мадрид и Барселона, но засега сите преговори немаа позитивна завршница, затоа што ПСЖ не беше задоволен од понудите на шпанските гиганти.