• Горан Упале

Томас Тухел поради позитивен ковид-19 не отпатува заедно со останатите членови на Челзи на Светското клупско првенство во Абу Даби, но беше на клупата на клучниот натпревар на европскиот шампион. Во финалето „сините“, потешко од очекуваното, го совладаа тимот на Палмеирас (2-1) и испишаа нова страница во својата историја.
Германскиот стратег беше пресреќен на новиот трофеј и истакна дека од мало дете сонувал за вакво финале.
„Понекогаш кога доцниш, ти треба среќа. Но, бевме немилосрдни, не престанавме да се обидуваме. Се трудевме и не се откажавме. Пеналот не изгледаше јасен, но секако дека беше оправдано досуден.
Во соблекувалната зборувавме дека сите ни се љубоморни што играме ваков натпревар. Како мали деца сонувавме да играме вакво финале“, рече Германецот.
Големата победа на Челзи му ја донесе Каи Хаверц со погодок во 117. минута, а претходно бразилската мрежа ја стресе Ромелу Лукаку.