• Горан Упале
Менаџерот на Челзи, Томас Тухел вели дека сè уште не му „легнала“ веста за заминувањето на сопственикот Роман Абрамович.
Рускиот богаташ поради војната во Украина беше протеран од Велика Британија и пред неколку дена донесе одлука да го продаде лондонскиот клуб.
„Малку е рано да се зборува за тоа, бидејќи можам да размислувам за Челзи само со Роман Абрамович. Многу ми е тешко. Сè уште не сум сфатил целосно дека тоа ќе се случи. Тоа ќе биде огромна промена“, изјави Тухел.
Абрамович го купи Челзи во 2003 година и под негово водство освои деветнаесет трофеи, вклучувајќи пет титули во Премиер лигата и две во Лигата на шампиони.