Тухел се ослободува од дури единаесет фудбалери на Челзи

Томас Тухел за многу краток период направи неверојатен успех со Челзи. Германскиот стратег го препороди англискиот гигант, а круна за неговата одлична работа на „Стемфорд Бриџ“ беше трофејот од Лигата на шампионите, освоен по победата во финалето над Манчестер Сити (1-0).

Челзи одигра фантастично против англискиот шампион, но се чини дека тоа не го задоволува Тухел, па затоа тамошните медиуми пишуваат дека најавил големи промени во летниот период, односно најмалку три засилувања, а ќе се ослободи дури од единаесет. 

Сигурно си заминуваат Фикајо Томори, Оливие Жиру, Тами Абрахам и Рос Баркли, а на изненадување на англиската јавност се споменува и името на Кристијан Пулишиќ. Место нема да има ниту за Били Гилмор и Конор Галагер, но тие би можеле да одат на нова позајмица затоа што Тухел верува дека може уште да напредуваат.

Рубен Лофтус-Чик, Давиде Запакоста, Емерсон и Тиемуе Бакајоко исто така се меѓу играчите кои ќе треба да бараат нов клуб во текот на летото.

Британските медиуми пишуваат дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е задоволен од досегашната работата на Тухел и сака да го награди со богат договор, кој треба да биде потпишан следната недела.