Тухел: Се чувствувам надреално, уживам да работам во Челзи

Два стручњаци од Премиер лигата и италијанскиот селектор влегоа во потесниот избор за тренер на годината според ФИФА. На крајот новинарите, капитените и селекторите го избраа менаџерот на Челзи, Томас Тухел, кој по бројот на гласови убедливо ги победи Манчини и Гвардиола.

Германецот јавно се заблагодари за признанието и покажа изненаденост што тој е избраниот.

„Кога го отворија пликото и го прочитаа моето име, се чувствував надреално, се чувствував прилично непријатно. Уживам да работам во Челзи, опкружен сум со исклучителни луѓе“, рече Тухел.

Германецот во претходната сезона ги однесе „сините“ до трофејот во Лигата на шампионите, а го освои и Суперкупот на Европа. Негов претходниот во овој избор беше сонародникот Јирген Клоп од Ливерпул