• Иван Димовски
Фудбалерите на Челзи одиграа храбро и во еден момент имаа огромни 0-3 против Реал Мадрид, резултат кој ги водеше „сините“ до полуфинале. Сепак, „кралевите“ се вратија и изборија продолженија, а потоа преку Бензема дојдоа до 2-3 и сладок пораз.
По натпреварот, Томас Тухел се пожали на однесувањето на судијата Симон Марчинијак. Покрај тоа што смета дека голот на Маркос Алонсо бил отворен за анализа, Германецот посочи дека арбитрот се смеел и шегувал со Карло Анчелоти по последниот судиски свиреж.
„Покажавме квалитет и карактер, а заслуживме да минеме понатаму. Поради тоа немаме за што да жалиме.
Бев разочаран што судијата по крајот на натпреварот се „забавуваше“ со Анчелоти. Кога сакав да се поздравам со него, тој се смееше со противничкиот тренер. Мислам дека тоа е погрешно време, по последниот судиски свиреш и 126 минути фудбал. Не е пријатно да го видиш судијата дека се смее со ривалот во лош тајминг, а тоа и му го кажав и на Симон“, изјави Тухел.
Европа ќе добие нов владетел, откако бранителот на тронот се прости од натпреварувањето. Сепак, Челзи има за што да жали, бидејќи имаше неколку одлични шанси да дојде до поубедлива победа и полуфинале.