ВИДЕО: Тухел пронајде рецепт за Порто, рутински триумф за Челзи

Челзи насловна

Челзи заврши одлична работа и победи на гостувањето кај Порто (0-2), во првиот четвртфинален дуел во Лигата на шампионите.

  • Извештај од натпреварот:

Премиерлигашот од самиот почеток ја контролираше топката, а со тоа и играта. Домаќинот имаше што да каже на оваа средба, но не беше доволно ефикасен за да спречи пораз и негатива пред реваншот во Лондон.

По половина час надигрување, „сините“ го отворија резултатот. Мејсон Маунт се запиша во листата на стрелци со прекрасен удар по земја од десната страна. Со оваа реализација тој стана најмлад фудбалер кој постигнал погодок за Челзи во нокаут фазата од елитното натпреварување.

Очекувано Томас Тухел се одлучи за тактика со контранапади во вториот дел. Тоа им овозможи на фудбалерите на Порто да притиснат и да се префрлат на противничката половина. Марега и Дијаз шутираа кон голот на Менди, но ниту еден од нив не го промени резултатот.

Кога Порто тргна на израмнување, Челзи возврати со своја акција за печат на победата. Најпрво Пулишиќ ја погоди пречката, а потоа Чилвел направи слалом по една грешка на противнички дефанзивец и се прошета до домашната мрежа.