Тухел: Промената на голман пред пеналите беше одамна планирана

Екипата на Челзи го освои трофејот во Суперкупот, откако подобро изведуваше пенали од Виљареал. По 120 минути во Белфаст, победник немаше и мораше да одлучува „рулетот“. Интересно, непосредно пред пеналите, Томас Тухел реши да го замени претходно одличниот Едуард Менди и на голот го испрати Кепа Аризабалага, а сега ја објасни својата одлука. 

„Одлуката не беше спонтана. Со двајцата разговарав на таа тема, кога игравме прв пат во Купот со Барнсли. Ги имавме статистиките, а тие велат дека Кепа има поголем процент на одбранети пенали. Аналитичарите и тренерите на голманите ми го пренесоа тоа, а ние со игречите се договоривме дека во нокаут натпревари, во ситуација пред пенали да менуваме.

Менди тоа многу добро го прифати. Моравме да го направиме тоа за тимот, а доказите дека Кепа подобро брани пенали се тука. Тие се тимски настроени и среќен сум за тоа“, изјави Тухел.

Германецот беше во право, Кепа фати два пенали и беше човекот кој ја обезбеди победата. Инаку, самиот шпански голман пред неколку години се најде во слична ситуација, кога тој требаше да биде заменет со Вили Кабаљеро, но одби и го налути тогашниот менаџер Сари.