Тухел: Премногу лесно противниците нè исфрлаат од ритам

Претпоследниот европски првак, Челзи, синоќа го претрпе вториот пораз во новата премиерлигашка сезона. Менаџерот Томас Тухел, ги критикуваше своите фудбалери за поразот од Саутемптон со 2-1 во натпреварот од 5. коло на англиската Премиер лига.    

„Не е доволно да играме само 20-25 минути на нивото што го сакаме за да победуваме. Посебно ова се однесува за гостувањата. Премногу лесно ривалите нè исфрлаат од ритам. Треба да разбереме зошто тоа се случува и да најдеме решенија.

Нашиот тим го губи фокусот, го губиме нашиот план и константноста. Секогаш може да загубите натпревари, но на средбите каде што водите, неопходно е да реализирате барем половина од шансите. Недостигот на одговор во вториот дел беше разочарувачки. Треба да се засилиме и да играме на повисоко ниво“, изјави Тухел по натпреварот.

Клубот од „Стемфорд бриџ“ до крајот на преодниот рок ќе го доведе Фофана од Лестер Сити, а не е исклучена и можноста за доведување на нанапаѓач.

Челзи се наоѓа на осмото место на табелата во Премиер лигата со седум бода.

Состави

Ралф Хасенхутл

4-2-3-1

    Грем Потер

    3-4-2-1