• Сашо Поповски

Бразилецот Тиаго Силва нема да биде дел од денешниот меч меѓу Челзи и Атлетико Мадрид.
Столбот во одбраната на лондонскиот клуб поради повреда нема да биде достапен за Томас Тухел. Тој се повреди на дуелот со Тотенхем и досега пропушти пет меча, а нема да биде во можност да помогне и во осминафиналниот дуел со „јорганџиите“.
„Тиаго не е достапен иако тренира. Ќе патува со тимот, но тој нема да игра против Атлетико“ , рече Тухел.
Добра вест за германскиот стратег е достапноста на Каи Хаверц и Кристијан Пулишиќ.
Букурешт ќе биде градот домаќин каде што Атлетико ќе биде домаќин на премиерлигашот од Лондон.