Тухел: Не сум љубоморен и не сакам симпатии како Клоп, сакам трофеј!

Томас Тухел, менаџерот на Челзи, има долга историја на „дружење“ со Јирген Клоп, против кого ќе се бори за важен трофеј во англискиот фудбал. Пред финалето на ФА Купот помеѓу Челзи и Ливерпул, менаџерот на „сините“ беше запрашан дали е љубоморен на својот сонародник, на што Тухел се насмевна и рече:

„Немам на што да бидам љубоморен. Клоп е фантастично момче, забавен лик и еден од најдобрите тренери во светот. Ако некој сака да нè претстави како лоши момци против Ливерпул, нема проблем. Ние ја преземаме таа улога. Не сакаме симпатии од целата земја, го сакаме трофејот по крајот од натпреварот“, изјави германскиот селектор.

Двајца стратези имаат долга историја на „војување“ од Бундеслигата, додека беа на чело на Мајнц 05 и Борусија Дортмунд. Подоцна Тухел го наследи Клоп во Дортмунд, па загуби во спектакуларниот дуел помеѓу Ливерпул и Борусија во 2016 година во Лига Европа. Сега се ривали во Премиер лигата. Клоп славеше во финалето на Лига купот во февруари, па денес Тухел има шанса за реванш во финалето на ФА Купот.

Најнови вести од
ФА Куп, Англија