• Горан Упале

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел смета дека тој не е единствениот проблем во тимот. Тој исто така додаде дека е одговорен и затоа на крајот од сезоната ја напушта клупата на Баварците.
По серијата од три последователни порази во Леверкузен (3-0), во Рим од Лацио (1-0) и во Бохум (3-2), Томас Тухел и челниците на Баерн во средата објавија дека ќе ја прекинат соработката, една година порано од првично планираниот датум.
„Да беше виновен само еден човек, а во овој случај тренерот, ќе имавте некој друг спроти вас на денешната прес-конференција. Не мислам дека јас сум единствениот проблем, но јас сум одговорен и преземам одговорност за оваа одлука.
Официјалните лица на клубот ја знаат мојата анализа, таа е многу самокритична. Тие го знаат тоа, но дефинитивно не е анализа за јавноста“, рече Тухел.
Баерн сè уште е инволвиран на два фронта. Во Лигата на шампионите ќе треба да ја анулира негативата против Лацио на 5 март, додека во Бундеслигата заостануваат осум бода зад лидерот Баер Леверкузен.