Тухел: Не спиев после Реал, го гледав мечот и пак збеснав

По шокантниот пораз од Брентфорд, Челзи загуби и од Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите (1-3). Се чини дека „сините“ сè уште во мислите го имаат тој натпревар, иако сега пред себе имаат нов тежок тест и дуел со Саутемптон.

Томас Тухел, менаџерот на европскиот шампион, вели дека по натпреварот со „кралевите“ не спиел цела ноќ и го гледам поразот повеќе пати.

„Повторно го гледав натпреварот дома среде ноќ. Следното утро повторно го гледав во тренинг центарот и повторно збеснав. Не беше убаво. Имаме систем за објаснување на работите за да не ги заборавиме. Во одредени моменти морав да станам и да шетам низ куќата. Добро е да го гледате натпреварот неколку пати затоа што тогаш разбирате каква треба да биде пораката“, вели  Тухел.

Германскиот стратег верува дека неговите момци ќе најдат решение како да ја подигнат самодовербата и ќе им се вратат на победите во домашниот шампионат.