Тухел: Не е важно дали јас сакам да игра Нејмар, последниот збор го има Леонардо

ПСЖ одигра солидна партија во рамки од третото коло на Лига 1 и со убедливи 4-0 пред својата публика го совлада тимот на Тулуз.

Стратегот на францускиот шампион, Томас Тухел, и за овој меч не можеше да смета на својата прва ѕвезда, Нејмар, и тоа заради забрана од спортскиот директор Леонардо. По мечот новинарите очекувано најмногу ги интересираше иднината на Нејмар во ПСЖ, а Тухел го изнесе својот став за овој проблем. 

„Нејмар е подготвен за игра. Тој тренира напорно, под силен интензитет и подготвен е за настап. Но, ставот на клубот е јасен и сè додека неговото прашање не е решено, тој нема да игра. Сакам што побрзо ова да заврши. Ситуацијата не е јасна, и мораме што поскоро да ја решиме. Да одлучував јас, Нејмар ќе играше уште вечерва, но последниот збор го има Леонардо“, рече Тухел. 

Германскиот тренер и покрај убедливата победа немаше многу простор и причина за славје, затоа што остана и без Кавани, Мбапе и Тиаго Силва кои се повредија и не го доиграа натпреварот.