• Горан Упале

Томас Тухел, менаџерот на Челзи, е задоволен од победата на неговиот тим во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Лил. На „Стемфорд Бриџ“ европскиот шампион имаше одлична претстава пред својата публика и без примен гол ќе патува на реваншот во Франција (2-0).
„Забележавме уште една победа без примен гол и таа е сосема заслужена. Не беше лесно да се направи нешто такво. Тие се силен тим и не е лесно да не им дозволиме шанси. Имаше и неколку осцилации, но не им дадовме премногу простор и бевме солидни. Тежок натпревар, но и заслужена победа“, изјави Тухел.
За разлика од Челзи, синоќа Јувентус не успеа да ја сочува предноста и ремизираше на гостувањето кај Виљареал (1-1).