Тухел: Мора да славиме во Келн, нема да го гледаме другиот меч!

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, зборуваше за германските медиуми во пресрет на последното коло од Бундеслигата, во кое Баварците ќе имаат тешка задача во битката за титулата. 

Борусија Дортмунд има два бода повеќе од Баерн на табелата, а „милионерите“ ќе играат со Мајнц, поранешниот клуб на Томас Тухел. Навивачите на Баерн посакуваат играчите на Мајнц да одиграат за својот поранешен тренер и да не се предадат лесно во Дортмунд, но Тухел вели дека неговиот тим мора да се фокусира само на својот меч. 

„Ја знаеме ситуацијата и сфаќаме дека сме во тешка положба. Нема да го гледаме другиот натпревар, ќе се фокусираме само на нашата игра.

Гостуваме во Келн и мораме да извојуваме победа. Сè додека имаме шанси за титулата, ќе се бориме. Очекувам моите момци да прикажат правилен пристап и со триумф да ја затвориме сезоната“, изјави Тухел. 

На Баерн му е потребно натпреварот во Дортмунд да не заврши со победа на домашната Борусија, а можат да стигнат до титулата и во случај ако „милионерите“ ремизираат со Мајнц 05, затоа што Баерн Минхен има подобра гол разлика. Ќе биде навистина интересно и драматично, а навивачите се во очекување на трилер-завршницата во овогодинешната Бундеслига