Тухел: Мора да размислуваме за нова генерација дефанзивци

Претпоследниот европски шампион, лондонски Челзи најмногу менуваше ова лето во последната линија. Клубот го напуштија Кристенсен и Рудигер, а на излезна врата е Маркос Алонсон. Менаџерот Томас Тухел мора да внимава со ветеранот Тиаго Силва, а на дебито се повреди Кулибали. Добра вест за „сините“ е продолжувањето на договорот на Цезар Аспиликуета.

Тухел беше задоволен од настапите на дефанзивците Тиаго Силва, Цезар Аспиликуета и Калиду Кулибали против Евертон во саботата, но тројцата заедно имаат сто години и Челзи мора да мисли на нова генерација дефанзивци. 

„Среќни сме што имаме играчи како Аспи, Тиаго и Калиду, но важно е да ја пронајдеме следната генерација на дефанзивци и да ги донесеме во следните години. Фудбалот стана многу физички и напорен и во оваа ситуација ни требаат други играчи со кои ќе ги ротираме овие момци. Факт е дека тројцата дефанзивци, голманот, како и Жоргињо и Н’Голо Канте се во триесеттите. ;ора да размислуваме и за иднината“, изјави Тухел.

Челзи в недела му гостува на Тотенхем во лондонското дерби во рамките од второто коло. 

Состави

Френк Лампард

5-4-1

    Грем Потер

    3-4-3