• Горан Упале

Томас Тухел, менаџерот на Челзи, верува дека неговиот тим има мали шанси да го поправи впечатокот од средбата на „Стемфорд Бриџ“ и да ги продолжи настапите во Лигата на шампионите.
Реал Мадрид го победи Челзи среде Лондон со 1-3 во натпревар во кој Карим Бензема беше троен стрелец за „кралевите“, додека единствениот гол за Челзи го постигна Каи Хаверц.
„Мали се шансите за пресврт, но дефинитивно треба да се обидеме... Ќе се обидеме да бидеме во подобра форма отколку на првиот натпревар. Ние сме тим на кој му треба сила и острина за да биде посебен. Тоа не го покажавме доволно на првиот натпревар. Тоа беше и поради нивниот квалитет да ја забават играта и да го контролираат натпреварот преку поседот на топката. Задачата е неверојатно тешка и е голем предизвик со оглед на резултатот од првиот натпревар“, рече германскиот тренер.
Реваншот помеѓу Реал Мадрид и Челзи е закажан за во вторник од 21.00 часот.