ВИДЕО: Тухел излезе од автомобил и предизвика лудница пред „Стемфорд Бриџ“

Тухел

Томас Тухел е човекот кој донесе вистинска револуција во Челзи. Германецот целосно ја промени филозофијата откако го замени Френк Лампард и донесе огромен успех во вториот дел од сезоната.

Неговиот тим му одржа лекција на големиот Реал Мадрид и избори финале во Лигата на шампионите. По натпреварот стратегот на лондонскиот тим излезе од автомобилот и ги поздрави навивачите, кои бурно го испратија од „Стемфорд Бриџ“.

  • Поздравот на Тухел за навивачите:

Противник на „сините“ во натпреварот за титула ќе биде лутиот ривал од Премиер лигата, Манчестер Сити.