Тухел: Имаме многу фудбалери со неколку тренинзи, не знам со кој тим ќе истрчаме

Од финалето на Лигата на шампионите во јуни во Порто минаа два месеци и почнува новата натпреварувачка сезона на УЕФА. Челзи ја заокружи старата сезона со европска круна, а сега има можност со трофеј да ја почне и новата.

Пред дуелот од Суперкупот на Европа против Виљареал, Тухел има проблеми со тимот, бидејќи многу фудбалери тренираа само неколку дена со групата.

„Не сакам да зборувам за Лукаку додека не е фудбалер на Челзи. Имам две екипи на располагање. Една која работи пет недели и друга која дојде сега и ни се приклучи пред неколку дена. Тие фудбалери имаат само 45 минути во нозете. Ќе играат фудбалери кои се во најдобра форма, бидејќи овој натпревар е многу важен за нас. 

Имаме многу млади фудбалери како Зијеч, Вернер и Маунт и оваа сезона многу очекувам во врска со нивниот напредок. Во еден период од претсезоната имав 42 фудбалери на тренинг, а со толку многу фудбалери не може да се работи продуктивно. Затоа полека го кристализираме тимот и почнуваат официјалните натпревари“, рече Тухел.

Европскиот првак ќе се претстави без нови фудбалери во финалето во Белфаст. Кога последен пат Челзи играше Суперкуп на Европа, пред три години во Истанбул, загуби во изведување на пенали од Ливерпул.