• Горан Упале

Томас Тухел, менаџерот на Челзи, беше разочаран по поразот од градскиот ривал Арсенал и истакна дека неговиот тим направил многу грешки, но и дека можеби направил погрешна проценка при поставувањето на играта.
Во одличен натпревар на „Стемфорд Бриџ“, Арсенал славеше со 4-2, а еден од хероите на „топџиите“ беше поранешниот играч на академијата на Челзи, Еди Нкетиа, кој постигна два гола.
„Мора да се соочиме со реалноста, невозможно е да победиме ако правиме толку многу грешки. Играчите тоа мора да го сфатат. Тие добиваат пофалби секогаш кога играат добро и мора да се соочат со реалноста дека е невозможно да победат ако прават толку многу грешки. Тоа е едноставно невозможно“, рече германскиот стратег.
Ова беше втор пораз на Челзи во последните пет кола во Премиер лигата, но и покрај тоа засега е сигурен на третата позиција на табелата.