• Зоран Мишевски

Во Баерн вечерва се разочарани, не одиграа според планот и го доживеаја најтешкиот пораз во Лигата на шампионите од септември 2017 година, кога загубија од Пари Сен Жермен со 3-0.
Новиот тренер на Баерн, Томас Тухел вели дека и покрај убедливиот пораз видел многу добри работи.
„Секако дека резултатот е катастрофален за нас. Не ја добивме заслужената награда за трудот што го вложивме. Игравме карактерно и храбро, заслуживме да постигнеме барем еден гол.
Ми се допадна како игравме, како се претставивме. Можеби и звучи чудно, но вечерва беше многу забавно. Ќе се обидам да го исфрлам резултатот од главата на моите играчи. Не е реален според прикажаното на теренот. Ќе биде предизвик да се фокусираме на работите што ги направивме добро“, вели Тухел.
Возвратниот натпревар се игра во Минхен следната среда.